Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ денеска одржа брифинг со новинарите на кој зборуваше за актуелните теми во македонскиот фудбнал.
Една од темити беше натпреварот помеѓу Кожуф и Башкими кој предизвика бурни реакции во јавноста, а одредени лица од редовите на тимот од Гевгелија веќе добија казни.
На новинарското прaшањер Омерагиќ одговори дека за натпреварот реагирала и УЕФА.
„Тешко е да се докажат ваквите натпревари. Натпреварот беше срамен, пристигна мејл и од УЕФА со барање за објаснување. Преземени се сите чекори согласно правилниците и изјавите на осумте официјални лица. Имаме изјави на фудбалери, добро е што има лица кои се сосвест и помагаат во истрагата. Нема да казнуваме по основа на шпекулрации. Засега се казнети само тренерот и директорот на Кожуф бидејќи директно кажале дека натпреварот треба да се загуби. Отворена е постапка. Нема да штитиме никој, ама нема ниту да казнуваме без докази. Досега во постапката никој од сведоците (играчите на Кожуф) не го спомена Башкими“, изјави Омерагиќ.