Динамо уште еднаш покажа како се работи: Продаде фудбалер на Интер и заработи 14 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Хрватскиот гигант Динамо Загреб уште еднаш покажа како се работи и оствари одлична заработка со продажбата на Петар Сучиќ во редовите на Интер за ума од 14 милиони евра.

Динамо од трансферот на Сучиќ ќе заработи веднаш 14 милиони евра, но договори и 2.5 милиони евра дополнителни бонуси, а исто така се избори и за клазула од 10% од следната продажба на фудбалерот.

Во преговорите Интер прво понудил 12+2 милиони евра, но, Динамо успеал да добие повеќе.

Интерес за Сучиќ во текот на летото покажуваше и Комо, но Динамо тогаш одби девет милиони евра, а сега доби значително подобра понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани