Димитриевски сериозен претендент за престижна награда која ја доделува „Марка“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Македонскиот
репрезентативен голман, како и чувар на мрежата од голот на шпанскиот прволигаш
Рајо Валјекано, Столе Димитриевски е сериозен претендент за освојување на
престижната награда „Замора“ која ја доделува „Марка“.

Шпанскиот медиум
наградата ја доделува за најдобар голман во Примера, а од досегашното рангирање
единствено Тибо Куртоа од Реал Мадрид има предност во однос на Димитриевски.

27 годишниот
Димитриевски на 17 настапи запиша 49 интервенции на голот на Рајо Валјекано,
реализираше пет меча без примен гол, а одбрани и два пенали, а вкупно прими 18
голови сезонава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×