И не крие Димитриевски дека со Буфон ќе се слика, ама прво за „Газета дело Спорт“, најави дека сака нова победа како во Палермо, а потоа на раат селфи со својот идол.
„Утре перфектна ноќ ќе биде победа над Италија и селфи со Џиџи“, рече Димитриевски.
„Буфон од секогаш бил мој идол, икона за вечноста. Јас еднаш играв против него во Торино со Македонија, октомври 2017 и заврши 1-1. Го побарав неговиот дрес, но не го добив, зашто тој го поради и беше специјален, а имал два. Дресот бил ставен на аукција и продаден за 400 евра. Да знаев, ќе го купев. Но, ќе биде возбудливо да го видам во Скопје, во мојот дом, неговото доаѓање многу ме возбуди“, додава Димитриевски.
Пред година ипол, Македонија направи чудо и европскиот првак го спречи вторпат по ред да игра на Светско првенство со победата со 1-0 во Палермо, но оттогаш многу работи се сменија, па Италија сега доаѓа по одмазда, но Димитриевски смета дека може пак да падне.
„Таа победа во Палермо е нешто специјално, посебно на кое ќе се сеќаваме сите, не само јас, соиграчите, туку цела држава. Италија беше спремна да оди за Португалија, а наместо тоа – заминавме ние. Одигравме извонреден меч, стигнавме до неверојатна победа со голот на Трајковски, кој неколку години играше во Палермо. Една неверојатна приказна со перфектен крај. Дали сега ќе победиме? Јас секогаш сум оптимист и чувствувам дека можеме пак до нешто големо и историско. Секако дека можеме да победиме.
Италија доаѓа со нов селектор, Спалети е сосема различен од Манчини, а Елиф Елмас ни даде многу корисни информации. Сепак, ние имаме наш стил, кој можеби и би го дефинирал како ‘италијански’, со прекршоци за да се прекине ритамот на противникот во напад, со контранапади. Ние против Украина сакавме да играме 90 минути, но го плативме цехот и треба некогаш да знаеме како да сочекаме во низок блок. Еднаш направивме грешка, се надевам нема да ни се повтори“, додаде Димитриевски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.