Димитриевски не е семоќен, Рајо конечно загуби по месец ипол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рајо на нашиот
Столе Димитриевски се врати во зоната за испаѓање откако вечерва ја прекина
убавата серија од пет меча без пораз. Леганес со цел плен си замина од
гостувањето на Ваљекас, гостите иако беа со играч помалку успеаја да го
совладаат противникот со гол во 85. минута.

Димитриевски уште
во 4. минута од мечот покажа дека брани во одлична форма и го спречи обидот на Ресио,
кој се најде во гол шанса по грешката на Трехо.

Но Македонецот не
можеше ништо да стори во 36. минута од мечот кога Брајтвајт беше оставен сам на 10
метри и прецизно биеше со глава крај стативата за 0-1. Димитриевски сепак го доби дуелот со напаѓачот
во 78. минута од мечот и спречи неговиот тим да падне во поголема негатива.

Неговата одбрана
беше наградена кога во 83. минута Гарсија изедначи на 1-1, но радоста на Рајо
кратко траеше. 120 секунди подоцна целата одбрана заспа и Ел Насири со глава од 11
метри погоди за 1-2. Димитриевски не очекуваше дека никој нема да ја закачи
топката, па остана закован на гол линијата и само гледаше како таа заврши во неговата мрежа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани