Димитриевски му одбрани пенал на Жоржињо, па прими два гола од Киеза! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По игра со рака на Серафимов со шеснаесетникот, Италија доби пенал. Ударот од белата точка го изведе Жоржињо кој се обиде со неговото препознатливо потскокнување да го измами Димитриевски, но нашиот голман го прочита и му го одбрани ударот.

За жал кратко траеше радоста по одбранетиот пенал. Не успеавме ниту да ја изнесеме топката од нашата половина, а Киеза со гол од далечина даде гол за водство на Италија од 2-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме примивме уште еден гол од Киеза, со помош на Манев топката заврши зад грбот на Димитриевски за водство на Италијанците од 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×