98
Барселона ова
лето осетно се засили, на подготовките редовно ги тресеше противничките мрежи,
но Столе Димитривски вчера одново ги фрустрираше „каталонците“, Македонецот го
сочува својот гол и Рајо си замина од Камп Ноу со бод.
„Секогаш е тешко
да ја сочувате мрежата, но еве успеавме да не примиме гол на три натпревари во
низа против Барса, од кои два беа на Камп Ноу“ – рече по крајот на пресметката Столе Димитриевски, кој беше избран за играч на натпреварот.
„Јас секогаш се
обидувам да го дадам најдоброто од себе и да му помогнам на тимот, па среќен
сум што дадов допринос да освоиме бод“.
„Имавме план, и
го реализиравме. Кога ќе ја сопреш Барселона, и тоа со новите засилувања, е
уште послатко“.