И покрај тоа што играме против голем фаворит како што е Англија и тоа на нејзин терен, Димитриевски вели дека можеме да мислиме и на победа, но за такво нешто мора максимално да сме фокусирани.
„Мора да го дадеме нашиот максимум на терен и мислам дека ако фокусот ни е на високо ниво, може да извадиме позитивен резултат, а зошто не и да дојдеме до победа. Нормално е дека овој натпревар ни доаѓа близу по оној по Украина, а се наоѓаме на крајот на сезоната и чувствуваме замор. Но, знам дека ние имаме квалитетна екипа. Мора само да бидеме концентрирани, за да може да дојдеме до посакуваната цел. Имавме перфектни шеесет минути со Украина, но, сепак, мечот трае 90 минути. Немавме концентрација и фокус до крајот на натпреварот и така загубивме. Сега ни следи нов меч, за ново докажување. Мора да имаме подобар фокус, само така можеме до победа или нерешен резултат“, изјави Димитриевски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.