Диeго Коста заминува во Кина, пронајдена и неговата замена

by
1 минути читање

Иако сакаше, Диего Коста не успеа во јануари да го напушти Челси и да се пресели во Кина, но тој постигнал договор за трансфер во летниот преоден рок на кој се сложил и лидерот во Англија.

Се уште не се знае името на клубот со кој се договорил Коста, но шпанското радио Кадена СЕР тврди дека годишно ќе заработува 30 милиони евра со што ќе стане втор најплатен фудбалер по Карлос Тевез.

Се очекува голема сума да добие и Челси, не помалку од 60 милиони евра.

Знаејќи ја намерата на Диего Коста, Челси веќе ја пикирале и неговата замена. Го посакуваат Алваро Мората од Реал Мадрид, цел која е реално остварлива.

Мората не успеа да се наметне како прв шпиц во Реал Мадрид по успешната авантура во Јувентус, па се очекува тој да биде продаден во летниот преоден рок.

Интерес за него има од повеќе клубови, но Челси е еден од оние кои ќе можат да платат висока сума за да го донесат во своите редови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани