Како дел од операцијата
„Призма“ на обвинителството од Торино и истрагата за финансиски малверзации во Јувентус,
инспектори од финансиската полиција вчера во Рим разговарале час ипол со Пауло
Дибала.
Под лупа е
исплата од 3 милиони евра, сумата е добиена како компензација откако „старата
дама“ не го продолжи договорот на напаѓачот, и се верува дека оваа исплата е
поврзана со „маневарот со плати“.
Постоја сириозни
индикации дека фудбалерите на Јувентус во ковид пандемијата се откажале само од
една месчена плата а не од четири како што „старата дама“ соопшти, и за
останатите три месечни плати се потпишани приватни договори со кои се гарантира
исплата на сумата во иднина.
Доколку се докаже
вина, Пауло Дибала може да биде суспендиран на 30 дена за примање „пари под
маса“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.