Дибала ја прокоментира смешната откупна клаузула во неговиот договор

by
1 минути читање

Пауло Дибала
минатото лето го напушти Јувентус како слободен играч, често се пишуваше дека
ќе се пресели во Интер но на крајот заврши во Рома.

Сепак, неговата
авантура во Рим може да биде кратка, се шпекулира дека Аргентинецот има откупна
клаузула од само 12 милиони евра за клубови од странство и 20 милиони евра за
клубови од Италија (некои извори велат дека и за клубовите од странство сумата
е 20 милиони евра).

Во пресрет на
дуелот против Салцбург во Лига Европа, напаѓачот се појави пред новинарите и говореше
на оваа тема.

„Откупната
клаузла е работа за мојот агент и клубот. Не знам што ќе се случи по крајот на
сезоната“
– вели Пауло Дибала.

Запрашан дали
Жозе Мурињо може да замине од Рома, тој додава: „Јас не знам што ќе се случи со
мене, не па каква ќе биде иднината на Мурињо. Би сакал тој да ми биде тренер
бидејќи е еден од најдобрите. Би сакал да
победувам и освојувам трофеи со него“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×