Ди Марија: Поради загубените финалиња со Аргентина пијам лекови…

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Аргентина во последните години успеа да ги освои најголемите трофеи, Светското првенство и Копа Америка.

Сепак, претходно имаше проблематичен период бидејќи во три години загуби две финалиња на Копа Америка, како и финалето на Мундијалот во 2014 година. На таа тема зборуваше Анхел Ди Марија, кој призна дека и натаму пие лекарства за смирување поради тие порази.

Поради поразите со Аргентина и натаму пијам лекови. Успеав да ја смалам дозата и доста сум подобар. Меѓутоа, тоа е нешто кое прави зависност. Тие работи остануваат со вас, ве обележуваат.

Кој се сеќава на момците кои дојдоа до финалето на Светското првенство и не победија? Многу малку луѓе го паметат тоа и ми изгледа неправедно. Кој зборува за нив? Никој! Сум кажал многу пати дека кога кога ги освоивме трофеите на Мундијалот и Копа Америка, удел имаше и претходната генерација која губеше“, заклучи Ди Марија.

Ди Марија се повлече од репрезентацијата со 145 настапи и 31 постигнат погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани