ПСЖ направи голем чекор кон финалето во Лига на шампиони откако во вистински трилер го совлада Баерн со 5:4 на домашен терен.
Парижаните имаа висока предност, но германскиот тим успеа да се врати и да ја задржи неизвесноста пред реваншот. Натпреварот понуди офанзивен фудбал и многу пресврти, па јасно е дека ништо не е решено.
Во сенка на головите остана и моментот со Мануел Нојер, кој се најде во необична ситуација со дете задолжено за топки, поради што накратко дојде до прекин во ритамот на играта.
Реваншот ќе се игра на „Алијанц арена“, каде ќе се одлучува кој ќе обезбеди место во големото финале.
Beau geste du ramasseur de balle pic.twitter.com/tlIOFwNbLg
— Media Bayern France (@MediaBayernFR) April 28, 2026
Фан маички за Светското првенство, погледнете – ТУКА!