Детали од трансферот на Ван Дијк кои покажуваат колку Ливерпул бил очаен

by
1 минути читање

Клубот од Енфилд го
помести трансфер лудилото на едно ново ниво откако го направи Вирџил ван Дијк
далеку најскапиот дефанзивец во светот на фудбалот, Холанѓанецот беше купен за
неверојатни 75 милиони фунти.

Медиумите од
„Островото“ сега откриваат нови детали кои само покажуваат колку очајни биле
„Црвените“ во намерата да стигнат до Холанѓанецот.

Новинарот на
Телеграф, Сем Волас пишува дека практично и да немало преговори помеѓу двата
клуба. Саутемптон ја кажал цената која ја бара а лидерите на Ливерпул ја
платиле без да се ценкаат и да се обидат да се изборат за подобра зделка.

Извештајот вели
дека „Црвените“ и „Светците“ си подале рака уште на 21 декември, преговорите
биле тајна и се одвивале помеѓу Џон В. Хенри и Мајк Гордон (сопствениците на Ливерпул)
и извршниот директор на Саутемптон, Лес Рид.

Јирген Клоп за
трансферот бил известен дури на бадник (24. јануари), а тогаш и агентот
на Вирџил ван Дијк
дознал дека има договор за трансфер на неговиот клиент на Енфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани