12
Македонскиот репрезентативец, Стефан Деспотовски го запиша својот прв погодок во дресот на ОФК Белград, откако се истакна на дуелот против Нов Пазар.
Деспотовски беше стрелец на водечкиот гол во 23. минута, носејќи му предност на својот тим уште во раната фаза од натпреварот.
Сепак, до крајот гостите доминираа на теренот, покажаа далеку подобра игра и на крајот забележаа убедлива победа од 5-1.