Пред точно 23 години на 2 март во Премиер лигата падна најубавиот гол во историјата. Денис Бергкамп изведе невидена мајсторија по асистенција од Роберт Пирес во дуелот на Арсенал против Њукасл.
Голот на Бергкамп беше за најавните шпици, јавноста во Англија „полуде“ по него и овој погодок вртеше долго време низ медиумите. Маестралниот прием на Холанѓанецот беше целата мајсторија, а неговиот чувар Никос Дабизас падна на задникот. Потоа по мајсторијата Бергкамп рутински го матира голманот Шеј Гивен.
Пред неколку години погодокот на Денис Бергкамп беше прогласен за најубав во англискиот фудбал.