Дембеле постигна гол за полуфинале и не го заборави Жота (ФОТО)

by Стефан
0 минути читање

Пари Сен Жермен обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство совладувајќи го Баерн Минхен со 2-0,. Стрелец на вториот гол во финишот за гигантот од Париз беше Осман Дембеле кој овој погодок го посвети на Диого Жото.

Французинот по погодокот во судиското продолжение седна на тревникот и прослави на начинот на кој тоа го правеше португалскиот фудбалер кој загина заедно со својот брат во сообраќајна несреќа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×