69
Тоа што подолг
период се најавуваше, конечно се официјализираше, Муса Дембеле и дефинитивно го
напушти тимот на Тотенхем а се пресели на Далечниот Исток, односно, потпиша за
кинескиот Суперлигаш, Гвангжу.
Од информациите кои
засега се познати, овој трансфер на Белгиецот, ќе ја чини кинеската екипа 11
милиони фунти, а од тој клуб веќе ја известија јавноста за потврда на овој
трансфер по презентацијата на Белгиецот.
Заминувањето на
Дембеле отвора голем простор во средниот ред на Тотенхем, Хари Винкс доби
голема доверба во тој простор, а бенефит треба да има високо рангираниот млад
фудбалер Оливер Скип.