Дел Пјеро не верува во Реал Мадрид: Не играат како во претходните години

by Стефан
1 минути читање

Лигата на шампиони веќе ги доби првите два полуфиналисти, ПСЖ и Атлетико Мадрид, додека вечерва ќе биде познат комплетниот состав на тимови кои ќе се борат за место во финалето.

Од 21 часот на програмата се два дуели. Арсенал на својот „Емирати“ во Лондон ќе го пречека Спортинг, додека во Минхен ќе се соочат Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Германскиот шампион во реваншот влегува со предност од 2-1 од првиот натпревар, а сезонава на „Алијанц арена“ има претрпено само еден пораз и тоа во јануари од Аугсбург во Бундеслигата. Избраниците на Винсент Компани делуваат сигурно и компактно, но „кралевите“ традиционално се посебна приказна кога станува збор за елитното натпреварување.

Сепак, легендарниот Алесандро Дел Пјеро не верува во нов подвиг на шпанскиот гигант.

„Реал Мадрид денес не изгледа толку моќно како во претходните години и мислам дека нема да стигне до полуфиналето. Но, многупати досега нè демантирале, во Лигата на шампиони како да не знаат да погрешат“, изјави Дел Пјеро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×