Деко летна на Ибица на важни преговори за трансферот на Нико Вилијамс

by bojan
1 минути читање

Спортскиот директор на Барселона, Деко попладнево пристигна на Ибица и во следните денови ќе одржи важни преговори за ангажман на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

Нико Вилијамс е главна цел на „каталонците“ за засилување на офанзивата откако минатата недела агентот на фудбалерот пристигна на разговори со раководството на Барселона.

Спортскиот агент на Барса, Деко денес летна на Ибица и попладнево пристигна на популарниот остров за да го забрза процесот.

Се очекува Деко на Ибица да се сретне со Нико Вилијамс, но и со тренерот Ханси Флик.

За да може да го комплетира овој трансфер, Барселона ќе мора да направи барем една важна продажба, па ќе треба да се одреди и кој фудбалер или фудбалери ќе бидат жртвувани.

ФОТО: X/Athletic Club

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×