Дејвис си обезбедил богат бонус за потпис, откриени детали од новиот договор со Баерн

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Германија откриваат детали од новиот договор на Алфонсо Дејвис со Баерн Минхен, само за потпис, левиот бек ќе добие 22 милиони евра.

По многу шпекулации за иднината на Алфонсо Дејвис, левиот бек реши да остане верен на Баерн Минхен и прифати нов договор.

Медиумите од Германија сега откриваат повеќе детали од новата соработка.

Годишната плата на Алфонсо Дејвис ќе биде помеѓу 15 и 20 милиони евра бруто, а левиот бек добил и богат бонус за потпис на документите, односно 22 милиони евра.

Левиот бек може да добие и неколку богати бонуси поврзани со лични признанија, како 500.000 евра доколку се најде во најдобрите 11 на ФИФА, или 2 милиони евра за освојување на „Златната топка“.

Му следува и богат бонус за триумф во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани