Дејан Илив кариерата ја продолжува во Финска, потпиша на 1+1 со Хелсинки

by
1 минути читање

Дејан Илив започнува нова авантура, Македонецот се сели во Финска, потпиша со Хелсинки. Станува збор за едногодишна соработка, со опција за додатни 12 месеци.

„Многу сум среќен и возбуден. Имам големи очекувања и знам каква одговорност ме чека во голем клуб како ХЈК Хелсинки. Ќе го дадам максимумот на секој тренинг и секој натпревар“ – вели Дејан Илиев, кој утре ќе им приклучи на новите соиграчи на тренинг кампот во Шпанија. 

Дејан Илиев како 17 годишно момче потпиша со Арсенал, речиси една декада беше дел од „топчиите“ но никогаш не доби вистинска шанса во Северен Лондон.

„Потпишав во времето на Арсен Венгер и имав прилика да видам неколку тренери. Исто така имав можност да работам со мојот идол, Петр Чех и научив многу од него. Се надевам дека ќе можам дел од лекциите да пренесам тука во Хелсинки“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани