Дејан Блажевски стави крај на кариерата

by
1 минути читање

Вардар соопшти дека Дејан Блажевски става крај на фудбалската кариера.

„За капитенот на нашиот тим Дејан Блажевски ова беше последна сезона во дресот на Вардар и популарниот “Шиле“ ја завршува својата активна играчка кариера.

Тој го носеше црвено-црниот дрес во два наврати на вкупно 155 натпревари на кои што постигна 45 голови и освои три шампионски титули во дресот на нашиот клуб.

Засекогаш ќе биде запамтен како дел од генерацијата која што го направи најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа.

Шиле, во името на фудбалскиот клуб Вардар и на сите навивачи и симпатизери ти се заблагодаруваме за секој гол, за секоја асистенција и за секоја минута помината во светиот црвено-црн дрес.

Вистински капитен, секогаш пример за помладите позади себе оставаш многу убави спомени за идните вардарови генерации.

Се надеваме дека ќе уживаш во спортската пензија и воедно ти посакуваме многу успех во наредната функција која што ќе ја имаш во нашиот клуб“, стои во соопштението на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани