Антонио Рудигер би можел да ја заврши својата авантура во Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави германски „Билд“. Клубот наводно не планира да му го продолжи договорот што истекува во 2026 година.
Искусниот германски дефанзивец го загуби статусот на стартер по доаѓањето на Чаби Алонсо, кој не е целосно задоволен од неговата форма и физичка подготвеност. Рудигер моментно е надвор од терените поради повреда на бутниот мускул, а неговото место во тимот го зазедоа Милитао и Дин Хујсен.
Дополнителна тензија донесе и инцидентот со Џуд Белингем на тренинг, но според шпанските медиуми, недоразбирањето било брзо решено. Рудигер е еден од најплатените фудбалери во тимот со плата од над 10 милиони евра годишно, што Реал веќе не го смета за оправдано.
И покрај тоа, Реал под водство на Алонсо има одличен старт на сезоната и моментно е лидер во Ла Лига.