134
По добрите настапи во дресот на Вараждин Марио Младеновски се враќа во репрезентацијата на Македонија за претстојните четири натпревари во Лигата на Нации.
Младеновски претходно за репрезентацијата дебитираше во 2022 година на квалификациски натпревар против Австрија, но потоа настапи само уште на пријателска средба со Саудиска Арабија.
Во овој циклус Македонија ќе одигра четири натпревари во само десет дена и тоа двапати со Швајцарија и по еден со Словенија и Шкотска.
Токму поради густиот распоред селекторот Седлоски претходно најави дека за овој собир ќе повика повеќе фудбалери од вообичаено.