67
На списокот за престојните квалификациски натпревари се најде ново име, Ердал Ракип од Малме. фудбалерот од Шведска кој има македонски корени.
Ракип е првотимец на Малме, игра во Лигата на шампионите и треба да биде значајно засилување за нашата репрезентација.
Тој денеска пристигна на првиот собир на селекцијата која од 17 часот ќе го има и првиот тренинг.
Пред Македонија се два квалификациски натпревари, на 8. октомври му гостуваме на Лихтенштајн, а на 11. октомври ја пречекуваме Германија.