Натпреварот започна во 17:30 часот по локално време, а директен пренос можеше да се погледне на ФБ страната на ФК Слободен.
Овој натпревар беше искористен и за да се промовира новиот домашен дрес на ФК Слободен, кој играчите на овој клуб го опишаа како „најубав дрес во македонскиот фудбал“. Логото на Слободен – птицата од видот Црвеногушка, го красеше предниот дел на дресот и во следните години тоа ќе биде редовен дел од македонската фудбалска сцена.
Пријателскиот натпревар помеѓу Олимпик Сарај и ФК Слободен заврши со резултат 4:3 за домаќинот. Голгетерите на двата тима беа значително порасположени во второто полувреме, кога и двата тима постигнаа по три гола.
Двете полувремиња од натпреварот можете да ги погледнете на следните линкови:
Прво полувреме: https://www.facebook.com/fksloboden/videos/779179180071011/
Второ полувреме: https://www.facebook.com/fksloboden/videos/1009548083071944/
За повеќе информации околу работата и активностите на најновиот македонски фудбалски клуб, заследете ги социјалните мрежи на ФК Слободен – Фејсбук, Твитер и Инстаграм.