957
Мурињо настапи со видно изменет состав, без Паоло Дибала и Лоренцо Пелегрини во стартниот тим, Карсдорп се врати по долго време, а и Спинацола беше стартер по паузата поради повреда. Го немаше ниту Матиќ, Абрахам беше стартер, но излезе уште во 15. минута поради повреда.
Солбакен го имаше првиот меч како стартер откако пристигна во Рома и максимално го искористи. Во 45. минута по една убава акција и асистенција на Спинацола, Солбакен даде гол кој значеше и победа од 1-0.
Во вториот дел Рома рутински го задржа водството и дојде до три бода со кои се врати на третото место. Има ист број на бодови како и Милан.