Де Зерби: Плачеме како веќе да сме испаднале

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Тотнем, Роберто Де Зерби, ги повика своите фудбалери и стручниот штаб да ги игнорираат негативните мисли во завршницата од сезоната, додека лондонскиот клуб води тешка битка за опстанок во Премиер лигата.

Тотнем минатиот викенд конечно стигна до првата победа во 2026 година во првенството против Вулверхемптон, но и понатаму се наоѓа во зоната за испаѓање, со два бода помалку од Вест Хем, на четири кола пред крајот.

„Најважниот предизвик сега е да го замолчиме тој глас во нас, кај играчите, во стручниот штаб и кај навивачите“, изјави Де Зерби во пресрет на гостувањето кај Астон Вила.

Италијанскиот стратег оцени дека негативната атмосфера станала најголемиот проблем на тимот.

„Тој глас создава негативни мисли и ни вели дека немаме среќа, дека имаме премногу повреди… мислам дека тоа се бесмислици и негативни работи“, нагласи тој.

Де Зерби порача дека неговиот тим сè уште не е отпишан во битката за опстанок.

„Како сите да плачеме и веќе да сме испаднати. Не, сè уште не сме. Мора да ‘умреме’ на теренот“, истакнал италијанскиот стратег.

Во следното коло Тотнем гостува кај Астон Вила, а потоа го очекуваат дуели со Лидс, Челси и Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×