Де Роси збесна кога Вентура му нареди да се загрее: Не играме на реми, пушти го Инсиње ни треба победа! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Италија за прв
пат по 1958 нема да настапи на Светско првенство откако вечерва одигра само 0-0
во реваншот против Шведска.

„Аѕурите“ бркаа
негатива од еден гол од првиот натпревар, па како одминуваше времето,
атмосферата беше потензична.

Па камерите
уловија една жестока реакција на Даниеле Де Роси кога по наредба на селекторот
Вентура му беше кажано да стане да се загрее за да влезе во игра.

Фудбалерот на
Рома бесно му објаснуваше на помошникот: „Зошто да влезам јас? Не играме на
реми, треба да победиме!
.

Даниеле Де Роси
исто така покажа и кон Лоренцо Инсиње кој седеше до него и стави добро до
знаење кој треба да влезе во игра место него.

Фудбалерот на
Наполи игра во одлична форма, но и покрај тоа целиот натпревар против Шведска
го преседе на клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани