Де јонг со пофалби за Конте, а опиша и како е да се игра со Меси

by
1 минути читање

Френки де Јонг
вели дека мечот на Барселона со Интер денеска во второто коло од Лигата на
шампионите е доста значаен за Каталонците, а тој во изјава за „Газета дело
Спорт“ не се штедеше на пофални зборови за тренерот на „Нероаѕурите“, Антонио
Конте, ниту за својот соиграч Лионел Меси.

Кога мислам на
Интер, мислам на Весли Снајдер, на тимот кој имаше неверојатен успех, ќе биде
ова тежок натпревар за нас бидејќи Интер има одличен состав, се подобрија во
голема мера
“ изјави Холанѓанецот, а потоа упати и пофалби за Конте, новиот
тренер на Интер кој тргна одлично на кормилото на таа екипа, со шест максимални
победи досега во Серија А.

Тој е
фантастичен тренер, освои титули со Челси и Јувентус, сега почна одлично со
Интер, тој сигурно има нешто со што би не изненадил, мораме да бидеме
претпазливи
“ додаде Де Јонг, а потоа се надоврза и за Меси.

Играњето со Меси
е доста лесно, тој прави се
на најдобар можен начин на теренот, кога ви ја додава топката, истото
додавање го врши и со инструкции, а вие морате едноставно да ги следите. Тоа
што Меси го прави со топката е импресивно, но, не и изненадувачки, со оглед на
тоа што го постигна досега низ годините
“ заклучи младиот Холанѓанец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×