Де Хеа го „скроти“ Тотнем, а сега сака да го „скроти“ и буџетот на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги објави Дејли Мејл, се вели дека Давид Де Хеа нема ништо
против да остане на подолг рок во Манчестер јунајтед, но, во моментов шпанскиот
чувар е во очекување на многу повисока плата од сегашната.

Де Хеа имаше
неверојатно издание во победата на Манчестер јунајтед кај Тотнем викендов,
победа од исклучително значење за тимот од Олд Трафорд, но, со тоа Шпанецот си
ја потврди цената која неговиот клуб ќе мора да ја плати.

Дејли Мејл
известува дека 28 годишниот голман очекува неделна плата од 300,000 фунти, што
е за 100,000 фунти повеќе во однос на сегашната плата која ја заработува, меѓу
другото, во новиот договор кој го очекува, сигурно ќе има и високи бонуси.

Преговорите
помеѓу двете страни се обавуваат веќе подолг период, но, истите, барем засега
не вродија со плод, а по ова, Манчестер јунајтед во ноември ја активираше
опцијата од 12 месечно продолжување на договорот на Де Хеа, со што тој сега е
обврзан на верност со клубот до идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани