Де Брујне и Мектоминеј диригираа, Наполи го декласира Кремонезе (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Наполи славеше убедлива победа од 4-0 против Кремонезе во 34 коло од Серија А.

Составот предводен од Антонио Конте го реши натпреварот уште во првото полувреме. Скот Мектоминеј отвори рано, по акција со Кевин Де Брујне, а до паузата погодија и Расмус Хојлунд и Де Брујне. Во продолжението, Алисон Сантос го постави конечниот резултат и ја заокружи доминацијата на домашниот тим.

Со трите бода Наполи ја намали разликата зад Интер на девет поени, додека Кремонезе останува во зоната за испаѓање.

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас доби шанса во завршницата и влезе во игра во 75. минута од натпреварот на „Диего Армандо Марадона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×