Веќе е познато дека Кевин Де Брујн на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити, а во јавноста се појавија и најави каде би можел да продолжи.
Иако веќе подолго време се шпекулира за неговата следна дестинација, најголемите кандидати се богатите клубови од Саудиска Арабија, се споменуваше и Астон вила , но изгледа дека најреалната опција е МЛС лигата.
Првично се очекуваше дека ќе се приклучи на ѕвездениот тим на Интер Мајами и ќе игра рамо до рамо со Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба, што ќе беше вистински фудбалски спектакл. Но, според добро информираниот Фабрицио Романо, од тоа нема да има ништо.
Новиот фаворит за потписот на Де Брујне е Чикаго Фајер, клуб што моментално се наоѓа во фаза на обнова под водство на поранешниот селектор на САД, Грег Берхалтер.
Де Брујн би бил огромно засилување за Чикаго Фајер, клуб кој има амбиции да се врати на големата сцена во МЛС и повторно да се бори за врвот. 32-годишниот плејмејкер би бил централна фигура во создавањето на нова, конкурентна екипа што ќе го редефинира статусот на Чикаго во американскиот фудбал.