130
Јувентус нареди три порази во низа, избраниците на Игор Тудор вечерва загубија со 1-0 на гостувањето кај Лацио, мечот го реши Тома Башиќ.
„Старата дама„ е во резултатска криза, повеќе од еден месец не знае за пораз или поточно осум натпревари.
И не само тоа, Јувентус врза три порази без притоа да даде гол откако вечерва загуби со 1-0 на гостувањето кај Лацио во Рим.
Мечот го реши Тома Башиќ, кој ја казни грешката на Жонатан Давид во 9. минута.
Напаѓачот на Јувентус реши со глава да смири една топка, но само го проигра Каталди, кој брзо го пронајде Тома Башиќ, за Хрватот прецизно да бие од врвот на шеснаесетникот за 1-0.