Дали Наполи може да го снајде судбината на Јувентус? Обвинителот тропна на нивната врата!

by
1 минути читање

Обвинителот, Џузепе Кине ги засука ракавите и почна да бара финансиски малверзации во работењето на италијанските клубови. Прв настрада Јувентус кој е казнет со одземање на 15 бодови и индивидуални суспензии на раководните лица.

Следен кој може да настрада е лидерот Наполи доколку се докаже дека во трансферот на Осимен имало нерегуларности.

Трансферот е пријавен на 72 милиони евра, плус бонуси од 10 милиони евра, и 20 милиони во размена на фудбалери меѓу двата клуба.

Има сомнеж дека трансферот не е комплетно чист, дека претседателот на Наполи, Де Лаурентис прикрил одредена сума од целиот трансфер. Доколку Наполитанците бидат фатени дека правеле малверзации, може да ги снајде слична судбина на Јувентус.

Тие се убедливо први на табелата и за нив би било голем удар доколку добијат некоја посериозна бодовна казна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×