Дали Интер може да настрада од новиот скандал во Серија А?

by bojan
1 минути читање

Извори од обвинителството во Милано брифираат дека во моментов Интер и неговите директори не се под истрага, сите лица наведени во истрагата се од светот на судиите.

Изминатиов викенд се појавија информации за нов скандал во Серија А, отворена е истрага за првиот човек на судиите, Џанлука Роки и ВАР супервизорот Андреа Гервасони.

Во прв момент се шпекулираше дека Џанлука Роки е под лупа поради фаворизирање на Интер, односно делегирање на судии кои им одговарале на „нероаурите“, или тргање на судии кои биле непожелни.

Се говореше дека клубот од „Меаца“ може да настрада, но последните информации велат нешто сосема спротивно, извори кои се добро запознаени со истрагата брифираа дека во моментов Интер и неговите директори не се под истрага, и сите лица наведени во истрагата се од светот на судиите.

Низ медиумите кружат имиња на уште тројца судиите под лупа – Луии Наска, Родолфо Ди Вуоло и Даниеле Патерна.

Се очекува оваа бројка да се зголеми во следниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×