91
Левиот бек му
донесе предност на Челси од 1-0 во 13. минута откако Коста ја затресе пречката
а Алонсо одлично реагираше на одбиената топка, го натскока Бељерин и го совлада
Чех.
Но во воздушниот
дуел Алонсо исто така со лакт го удри Бељерин, кој лошо падна и не можеше да го
продолжи натпреварот.
Фановите на
Арсенал на социјалните мрежи веднаш се пожалија дека биле оштетени и дека голот
морал да биде поништен.
Поранешниот
судија Дермот Галагер сепак не се сложува со ова и вели: „Голот е добар“.