109
Аргентина мораше
да се помачи за да стигне до толку посакуваната победа од дуелот против
незгодната Нигерија и да обезбеди место во осминафиналето од Светското
првенство каде ќе ги одмери силите со Франција во мега пресметката која
многумина со нетрпение ја очекуваат.
Ќе имаат на што
да замерат Нигеријците, барем на судењето на Чунејт Чакир, особено за играњето
со рака на Рохо во казнениот простор на Гаучосите.
Турскиот арбитар
ја прегледуваше снимката од оваа ситуација и реши дека не постои удар од белата
точка за Нигерија, во услови кога резултатот во тие моменти беше 1-1, а на крајот Гаучосите стигнаа до победа од 1-2, токму со гол на Рохо во завршницата.