597
Борусија Дортмунд славеше со 3-1 против Барселона во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Апсолутен херој на „милионерите“ беше Серху Гираси, напаѓачот кој постигна хет-трик. Водеше Борусија 2-0 преполовувајќи ја предноста од првиот меч, но тогаш дојде автоголот на Бенсебаини и работата се отежна. Постигна Гираси уште еден гол, ама недоволно за огромен пресврт.
На крајот сосема очекувано Серху Гираси беше прогласен за играч на натпреварот од УЕФА. Стандардно тој позираше со наградата правејќи „селфи“, ама во очите му се гледаше болката за поразот и солзите.