Да тргнеме со победа во новиот квалификациски циклус

by
1 минути читање

Македонија утре
со почеток од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“, ја пречекува Малта во
првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

„Се работи за
квалитетна репрезентација со квалитетни индивидуални играчи имаме максимална
почит кон нив, но тоа што ќе се случува на натпреварот во најголема мера зависи
од нас самите. Последните резултати на Малта покажуваат дека имаат напредок,
победата над Израел и ремито против Грција се доказ за тоа. Но ние имаме
доволно квалитет да тргнеме со победа“
, вели селекторот Милевски.

„Во денешниот
фудбал не постојат фаворити, мораме да го дадеме максиумот за да дојдеме до
победа. Сето тоа што го работевме изминатата година и пол беше за овие
квалификации и се надевам дека ќе почнеме да го покажуваме уште од утре. Точно
е дека имавме проблем со реализацијата, но се надевам дека и таа ќе проработи“.

И капитенот
Стефан Ристовски се надева дека Македонија утре ќе тргнеме со победа.

„Ова е една од
потешките групи. Доволно сме искусни, доволно сме заедно, се надевам дека до
крајот на квалификациите ќе бидеме сите здрави. Италија и Англија се фаворити,
Украина има силни играчи, но се надеваме дека ќе отвориме утре со победа и тоа
ќе ни даде ветар во грб. Малта е шанса да ги почнеме овие квалификации како што
треба, со победа. Тоа ми е најважно во моментов“
, вели Стефан Ристовски.

Селекторото
потврди дека поради повреда отпадна Доријан Бабунски, останатите се подготвени
за настап.

ааа

Можно е и ова да ти се допаѓа

×