92
Пеп Гвардиола извади силен состав против Бартон и му даде девет голови. Манчестер Сити притискаше цело време, ја наполни мрежата на противникот, а сакаше и уште.
Некои сметаат дека кога гигант игра со слаб противникот ќе покаже почит ако застане при резултат кој им обезбедува убедлива победа и не го декласира противникот. Но Пеп смета дека обратното е исправно.
„Зборувавме на полувремето и одлучивме да продолжиме да играме, да трчаме и да постигнеме повеќе голови. Тоа е најдобар начин да покажеш почит кон натпреварувањето и кон противникот. Доколку водите со 4-0 и не сакате да продолжите да играте на исто ниво, тогаш немате почит кон натпреварувањето и кон вашиот противник“, вели Пеп Гвардиола.