434
Македонскиот
репрезентативец Дарко Чурлинов одигра маестрална партија вечерва во дресот на
Шалке 04 кој со 4-1 беше подобар на домашен терен од Нирнберг во втората лига
на Германија.
Чурлинов најпрво во
20 минута умешно се снајде во водечкиот гол на домаќините откако беше нерешлива
енигма за противничките дефанзивци, по што по неговиот обид умешно биеше
Овејан.
Во 85 минута
Чурлинов погоди за 3-1, а со тоа го постигна и првиот гол во седмиот настап за
германскиот тим сезонава.