Чурлинов останува во Барнли, на теренот се враќа во октомври!

by
2 минути читање

Чурлинов нема да го промени клубот ова лето. Голем удел во тоа има и неговата здравствена состојба, сепсата која го одалечи од теренот неколку месеци. По последните консултации со докторите од Барнли заклучено е дека тој ќе може да се врати на теренот во откомври.

Тоа значи дека Чурлинов нема да биде во комбинација за престојните квалификациски натпревари на Македонија.

Имаше гласини дека ова лето Шалке ќе го врати Македонецот во своите редови, но германскиот клуб се откажа од таквата намера особено поради здравствената состојба на Чурлинов.

@2024 – Сите права задржани