Чурлинов не тагува многу по пропаднатиот трансфер, Македонецот стрелец за Штутгарт против Цирих (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дарко Чурлинов
минатата сезона ја одигра на позајмица во Шалке и помогна клубот од
Гелзенкирхен да обезбеди промоција во Бундеслигата. Македонецот изрази желба да
продолжи да го носи „синиот“ дрес, но двата клуба не успеаја да најдат
заеднички јазик и тој се врати во Штутгарт.

И додека неговата
иднина е неизвесна, Дарко Чурлинов се фокусира само на тоа како да го прикаже
најдоброто од себе и денеска постигна гол за популарните „шваби“ на тест
натпреварот против Цирих.

Македонецот
стреалаше прецизно по земја во 69. минута за пресврт и водство од 2-1 на
Штутгарт, во меч кој на крајот заврши со резултат 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани