198
Нашата репрезентација во изминатите години ни донесе сериозни радости, па не бевме навикнати на порази како вчерашниот, но тој се случи.
Фудбалерите одиграа под своето ниво, речиси и да не создадовме сериозна шанса за гол и заслужено загубивме. Грузија не спушти на земја.
„Имавме две-три грешки кои Грузија ги искористи. Ни останува уште еден натпревар на кој сакаме да победиме. Ни недостасуваше завршница пред нивниот гол, по вакви натпревари мора да се анализираме себеси подобро и да се фокусираме на следниот натпревар. Ни преостанува на нас дали ќе ги средиме главите и ќе излеземе на терен по три бода“, изјави Чурлинов по мечот.
Фото: ФФМ