504
За да го освои првото место во групата Македонија нема право на кикс, а главен конкурент за врвот ни е токму селекцијата на Грузија.
„Веруваме во нашите квалитети, знаеме дека Грузија е сериозен противник, но ако ги одработиме задачите кои ни се дадени од селекторот мислам дека нема да имаме проблем“, смета Чурлинов.
„Последните два натпревари беа друг тип на натпревари, не мислам дека нивото ни беше ниско, едноставно тие мечеви беа со малку позатворени противници и гледаш да земеш три бода, останатото е само плус“.
„Целта ни е да завршиме на првото место, тоа ни е најважно. Фокусирани сме само на следниот натпревар. Секој меч е клучен, треба да се победи и да се земат трите бода“.