Чупо Мотинг уште една сезона во Баерн но за двојно поголема плата

by
1 минути читање

Чупо Мотинг има одлична сезона, со 15 погодоци зад свото име, тој е прв стрелец на Баерн Минхен. Неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги, но напаѓачот реши да остане верен на „баварците“ и попладнево пристигна потврда за нова соработка до 30. јуни 2024 година.

„Многу сум среќен што останувам и ќе продолжам да се забавувам со навивачите. Јас и моето семејство се чувствуваме како дома во Минхен и ова е многу важно за мене. Задволен сум што можам да помогнам, одлично се сложувам со момците. Да, конкуренцијата е многу голема, но ова е сосема нормално кога сакате да бидете дел од најдобрите. Целиот пакет во Баерн е навистина добар, затоа немаше потреба за промена“ – вели Чупо Мотинг.

Според пишувањата на медиумите од Германија, со новиот договор, Чупо Мотинг ќе заработува двојно повеќе односно платата ќе му скокне од 5 на 10 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×