Црвениот картон на Жоао Феликс ќе го чини Челси околу 2,4 милиони евра

by
1 минути читање

Жоао Феликс во средата
се пресели на Стемфорд Бриџ и веќе следниот ден се најде во стартниот состав на
Челси и дуелот против Фулам во Премиерлигата.

Но Португалецот наместо
да помогне за „сините“ да стигнат до три бода, придонесе неговиот тим да
загуби.

Жоао Феликс направи
опасен старт во 58. минута, доби црвен картон и го остави Челси на цедило.
Фулам знаеше како да ја искористи бројчаната предност, и преку Карлос Винисиус стигна
до победа од 2-1.

Како што пишува Дејли
Мејл, црвениот картон практично ќе го чини Челси околу 2,4 милиони евра.

„Сините“ за
позајмицата на Жоао Феликс се сложија да платат околу 11 милиони евра, плус во
целост да ја покријат платата на играчот (околу 6,7 милиони евра за шест месеци)
. Тој може да настапи на 21 натпревар во
Премиерлигата (вклучувајќи и го синоќешниот против Фулам) па пресметката вели
дека еден натпревар на Португалецот ќе чини нешто над 800.000 евра.

Офанзивниот
фудбалер сега го чека автоматска суспензија од три натпревари, тоа ќе значи
трошок од 2,4 милиони евра без Челси да види никаков ефект од Жоао Феликс.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×