725
Белгија е во
потрага на нов селектор откако Роберто Мартинез си замина по лошиот настап на
Светското првенство.
Последните
информации велат дека Ерве Ренар е еден од кандидатите за кормилото на
„ѓаволите“. Францускиот стратег беше актуелен пред месец ипол, кога со Саудиска
Арабија приреди сензација и ја совлада фаворизираната Аргентина. Тоа беше
единствениот пораз на Лео Меси и другарите на патот до трофејот на мундијалот
во Катар.
Се верува дека
Тјери Анри и Андреа Пирло се дел од имињата кои конкурираат за селекторското
столче на Белгија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.